1 (47) ■ вести > македонија ■ 16-Jul 12:16 -> 16-Jul 20:30
.
.
.
.

Изјавата на Тошковски дека дивоградбите би се уривале ако се опасни по живот е скандалозна, велат од СДСМ

  • Заради обезбедување докази за бесправна градба полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

  • Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите

  • Приведени 20 пиромани, има индиции за организирани групи

Денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека дивоградбите во Чаир, за кои се тврди дека се повеќе од 150 би се уривале „доколку се опасни по живот“ е скандалозна – реагираат од опозициската партија СДСМ.

Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во повеќе општини во рамки на Град Скопје при што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а повразно со бесправна градба, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите, а опозицијата нормално е дека ќе си дава изјави такви какви што си дава и нормално дека ќе обвинува, затоа што тоа и работа, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Државата годинава покажува дека можело многу поинаку да се даде одговор на сите предизвици со пожарите.

3 (6) ■ вести > македонија > политика > религија ■ 16-Jul 22:14 -> 16-Jul 23:30
.
.
.
.

Американската православна црква ја призна на МПЦ – Охридска архиепископија

  • ГОЛЕМА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА Американската црква ѝ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

На состанокот во посебна сесија на 21 мај 2025 година, Светиот синод на Православната црква во Америка одлучи, со сила од веднаш, да ја признае канонскоста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и да потврди нашата полна заедница со нејзините хиерарси, свештеници и верници.

На вонредна седница одржана на 21 мај 2025 година, Светиот синод на Православната црква во Америка (ПЦА) донесе историска одлука: да ја признае канонскоста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Одлуката стапи на сила веднаш и подразбира целосно евхаристиско и канонско општење со сите архијереи, свештеници и верници на МПЦ-ОА. Оваа значајна одлука беше соопштена на целата од страна на Неговата Блаженост, Митрополитот Тихон, во неговиот извештај на 15 јули 2025 година до 21-от Се-Американски собор, кој се одржува оваа недела во Финикс, Аризона.

5 (68) ■ вести > свет > политика ■ 15-Jul 06:59 -> 16-Jul 15:30
.
.
.
.

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

  • Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп за подготвеноста да ја поддржи Украина

  • Медведев: На Русија не ѝ е гајле за ултиматумот на Трамп

  • Трамп го прашал Зеленски дали Украина може да ја нападне Москва

Проектилите за противвоздушните одбранбени системи „Патриот“, наменети за Украина, веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле во иднина почесто да разговараат за да ги координираат своите чекори.

Во понеделникот, Трамп постави ултиматум до Москва да постигне мировен договор во рок од 50 дена.

Доналд Трамп го праша Володимир Зеленски дали Украина е способна да ја нападне Москва, бидејќи тој охрабруваше повеќе напади со долг дострел во Русија.

11 (14) ■ вести > македонија ■ 15-Jul 16:00 -> 16-Jul 23:30
.
.
.
.

Средба Мисајловски – Пирс во Лондон: Mакедонско-британската соработка во одбрана на највисоко нивo

  • Мисајловски - лорд Коукер: Не поврзуваат заеднички вредности и цели – мирен и безбеден регион и отворена Алијанса

Македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски кој е во работна посета на Обединетото Кралство, утрово се сретна со специјалната претставничка за Западен Балкан, дама Карен Пирс со која разговараше за стабилноста и безбедноста на регионот, геополитичките предизвици и развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји.

Денешната работна посета на министерот за одбрана Владо Мисајловски на Обединетото Кралство беше заокружена со средбата со лорд Вернон Коукер, државен министер (министер за домот на лордовите) во Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.

13 (10) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 16-Jul 15:25 -> 16-Jul 18:13
.
.
.
.

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

  • ЗАТВОРСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ КРИЕЛ ДРОГА ВО ГАЌИ Кокаинот и марихуаната ги спакувал во форма на 2 тениски топчиња

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

14 (15) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 16-Jul 10:52 -> 16-Jul 12:30
.
.
.
.

Апелациониот суд го осуди Васил на 3 години и 10 месеци затвор за дрога

  • Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици, откако Врховен ја укина претходната второстепена одлука

Апелациониот суд Скопје на 11 јуни 2025 година донесе нова пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов и го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци.

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепана пресуда и го врати случајот на повторно судење.

16 (10) ■ вести > свет > политика ■ 15-Jul 07:05 -> 16-Jul 23:30
.
.
.
.

Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“

  • ЕУ ги одложи одмаздничките трговски тарифи против САД

Проширувањето е клучен приоритет на ЕУ и тоа не е само политичка цел, туку и стратешка инвестиција во стабилноста и просперитетот на Европа, па затоа Унијата ќе им овозможи на земјите кандидати за членство пристап до целиот сет алатки на инструментот „Глобална Европа“, најави попладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Одмаздничките царини на ЕУ за американскиот извоз повторно се одложени, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесува Би-Би-Си. Контрамерките, кои требаше да започнат утре во вторник, дојдоа како одговор на првичните увозни царини на челик и алуминиум од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Повеќе од
оваа категорија

8 (18) ■ спорт > фудбал ■ 15-Jul 10:00 -> 16-Jul 22:34
.
.
.
.

Јамал под истрага за роденденската забава

  • Џуџето кое го забавуваше Јамал на неговиот роденден: Си ја работиме нашата работа, никој не нè навреди

Шпанското Министерство за социјални права побара од Канцеларијата на Државниот обвинител да поведе истрага против фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, по обвинувањата дека ангажирал лица со џуџест раст како дел од забавната програма за неговиот роденден, јави денеска Би-Би-Си. Јамал го прослави својот 18. роденден во неделата во изнајмена вила во Оливела, гратче на 50 километри северозападно од Барселона, во присуство на инфлуенсери, јутјубери и клупски соиграчи, а, исто така, ангажирал и луѓе со џуџест раст како дел од забавата.

Роденденската забава на Ламине Јамал за неговиот 18-ти роденден предизвика многу реакции, првенствено затоа што тој ангажираше џуџиња само за забава.

27 (21) ■ спорт > фудбал > лига на шампиони ■ 15-Jul 09:16 -> 16-Jul 14:14
.
.
.
.

На Шкендија ѝ е неопходна победа за долго европско лето

  • Беќири: Тешко се играше на жештината, но требаше да победиме во 90 минути

  • Тамба го „отвори“ ТНС, Шкендија води (ВИДЕО)

По позитивното гостување во Велс, македонскиот фудбалски првак Шкендија има се во свои раце за пласман во следната рунда од квалификациите во Лигата на шампионите.

успеа со голема борба и доза на драма да се пласира во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, совладувајќи го велшкиот ТНС со 2-1 по продолженија, откако регуларниот дел заврши 1-1. Со оваа победа, Шкендија го продолжува својот европски сон и во следната рунда ќе се сретне со романскиот шампион, Стеауа). Тренерот Јетон Беќири на прес-конференцијата по натпреварот ги анализираше жешките 120 минути во . „Успеавме да создадеме бројни шанси, од кои искористивме само една во регуларниот тек.

По точно 108 минути игра (без судиските продолженија), падна првиот гол на двомечот меѓу Шкендија и ТНС.

Повеќе од
оваа категорија

30 (11) ■ бизнис > економија ■ 16-Jul 10:16 -> 16-Jul 13:00
.
.
.
.

НАРОДНА БАНКА ВОВЕДЕ НОВ МОДЕЛ ЗА ТАРИФИРАЊЕ НА БАНКИТЕ На потег се банките да ги намалат надоместоците за граѓаните и компаниите

  • Народната банка со конкретни чекори за намалување и поедноставување на надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА

Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Советот на Народната банка на вчерашната седница донесе одлука за целосно нов модел за тарифирање на банките за извршување и порамнување на плаќањата во Македонскиот интербанкарски платен систем, соопштија од централната банка.

Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Моделот се заснова на принципите и практиките на централните банки во евросистемот за фиксни и предвидливи надоместоци според обемот на трансакциите, со што Воедно, Ниските и фиксни надоместоци по трансакција, во споредба со варијабилните надоместоци во зависност од износот на трансакцијата коишто ги налагаат сложените кореспондентски аранжмани со странските банки, Одлуката се носи во контекст на приклучувањето на нашата земја кон СЕПА и фазата на усогласување со европските стандарди којашто е во тек, а со која се создава основа за пошироко намалување на трошоците за прекуграничните плаќања во евра, како од страна на Народната банка за државните органи, така и од страна на банките за своите клиенти.

48 (7) ■ бизнис > економија > политика ■ 16-Jul 12:17 -> 16-Jul 14:18
.
.
.
.

Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства

  • Стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници . Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства.

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства.