Германската владејачка коалиција се распадна откако синоќа канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер од Либералната партија (ФДП). Причината за колапсот на владата е несогласувањето во однос на економската и финансиската политика меѓу Шолц и Линднер.
Германскиот канцелар Олаф Шолц го именуваше Јерг Кукиес, неговиот поранешен економски советник, за наследник на разрешениот министер за финансии, Кристијан Линднер од Слободната демократска партија (ФДП), дознава ДПА.
Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, кој е и лидер на партијата на Либералите, помалиот коалициски партнер во Владата.