Европскиот комесар за енергија и домување Дан Јоргенсен и словачкиот премиер Роберт Фицо денеска во Брисел постигнаа договор за формирање на Работна група на високо ниво за следење на состојбите поврзани со прекинот на транзит на руски гас преку територијата на Украина, од што најмногу се погодени Словачка и Молдавија. Biznisvesti
Фицо не откри повеќе детали, а владината служба за односи со медиумите не одговорила веднаш на барањето од Reuters за коментар.
Фицо го обвини Киев дека ѝ нанесува штета на Словачка со тоа што не сака да го продолжи договорот за транзит на руски гас кој истече на крајот на 2024 година и се закани дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Украина и ќе ја намали помошта за бегалците. Fokus
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека на Словачка и обезбедил резерви од гас за време на посетата и средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец, пред Украина да го прекине транзитот на гас од Русија на почетокот на 2025 година. Denesen
Во меѓувреме, се огласи и Полска која најави дека ќе го покрие снабдувањето со електрична енергија за Украина, доколку Словачка реши да ја прекин дистрибуцијата на струја за земјата.
Чешка, пак, во исто време и понуди на Словачка помош за обезбедување дополнителен транзит и капацитети за складирање на гас, како во текот на оваа грејна сезона, така и на долг рок. Denesen
Според последните информации, Словачка инсистирала на средба со Европската комисија околу ова прашање и неофицијално теков состанок е најавен за утре, но неизвесно е дали на него ќе присуствуваат и претставници на Украина.
Според истите извори, Словачка ќе побара или Украина да го обнови транзитот на руски гас или да и биде исплатено обесштетување поради претрпените штети од прекинот на испораката на енергенсот. Libertas