Откако маестра Дијана Имери Илкоска, со отворено писмо објавено на Фејсбук, соопшти дека не ѝ е продолжен договорот за работа и дека и е забранет влез во Филхармонија, со демант се јави НУ Филхармонија на РС . Го објавуваме демантот во целост: „Неосновани, невистинити, неаргументирани и паушални се наводите, кои авторката на текстот Дијана Имери Илкоска ги навела во текстот објавен врз основа Отворено писмо на диригентката Дијана И. Илкоска, поради следните причини: Дијана Имери Илкоска во објавениот текст наведувајќи ги нејзините автобиографски податоци и изнесувајќи ги личните наводи дека е преквалификувана за работното место кое го извршувала во НУ Филхармонија изоставила да го наведе фактот дека во ниту еден момент не била присилена да го напушти работно место наставник на неопределено време (во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј Скопје) и да прифати да биде ангажирана на работно место на определено време.
Неосновани, невистинити, неаргументирани и паушални се наводите наведени во oтвореното писмо на диригентката Дијана Имери Илкоска, тврди Националната установа Филхармонија во демантот на кажаното во отвореното писмо.