Претседавачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент - АФЕТ, Дејвид Мекалистер денеска соопшти дека проширувањето на Европската унија повторно стана едно од најсилните надворешно-политички и геополитички алатки на ЕУ. -Проширувањето останува клучен двигател на долгорочната безбедност, мирот, стабилноста и просперитетот во Европа и претставува историска можност со значителни социо-економски, политички и безбедносни придобивки и за ЕУ и за земјите од проширувањето, објави Мекалистер на социјалната мрежа „Х“ по повод првата размена на мислења со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Kanal5
Земјите мора да покажат одлучност да спроведат неповратни реформи во сите области на правото на ЕУ, со посебен акцент на основните вредности, додаде тој.
Мекалистер изјави дека имплементацијата на финансиските инструменти на ЕУ, исто така, заслужува посебно внимание, бидејќи значајна поддршка се обезбедува преку различни механизми, вклучувајќи го и Планот за раст од шест милијарди евра за Западен Балкан. Civilmedia