„Нашите две земји треба цврсто да го чуваат мултилатералниот трговски систем, стабилните глобални индустриски и снабдувачки синџири и отворената и кооперативна меѓународна средина“, изјави Си. Тој денес пристигна во Ханој на почетокот на дводневната посета на Виетнам.
Си ќе се сретне со генералниот секретар на Комунистичката партија на Виетнам, То Лам, и премиерот Фам Мин Чин. Biznisvesti
Во екот на засилената трговска тензија со САД, Кина иницираше дипломатска кампања во Југоисточна Азија, според анализата на Би-Би-Си. Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Виетнам, каде оствари средби со лидерот на Комунистичката партија, То Лам, и премиерот Фам Мин Чин. Biznisvesti
Таа рече дека со оглед на опсегот на царините на Трамп и покрај 90-дневната пауза, земјите од Југоисточна Азија се загрижени дека царините, доколку се применат, би можеле да го комплицираат нивниот развој.
Виетнам има искуство во балансирање на односите со САД и Кина. Sitel