Украина можеби ќе мора да се откаже од делови од својата територија како услов за евентуален мировен договор со Русија, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во разговор за Би-би-си. Според него, станува збор за едно од можните сценарија за кое притиска американскиот претседател Доналд Трамп во неговиот предлог за постигнување мировно решение, а што вклучува територијални отстапки од Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за магазинот „Тајм“ објавено денеска изјави дека само тој може да донесе мир во Украина и најави економски раст заснован на агресивна трговска политика со високи царини.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина.
САД денеска очекуваат одговор од Украина за рамката за мир, која вклучува американско признавање на Крим како дел од Русија и неофицијално признавање на руската контрола врз речиси сите области окупирани по инвазијата во 2022 година, според извори директно запознаени со предлогот, информира „Аксиос“.