Novamakedonija
Кина, пак, го задржува истиот отворен став за преговори, но ако САД сакаат борба, ќе одиме наспроти нив докрај, вели кинескиот економски експерт и универзитетски професор Јифу Лин, проценувајќи дека американско-кинеската трговска војна може да трае долгорочно.
Тој пред медиумите во Пекинг систематски ги анализираше промените во меѓународниот економски пејзаж, еволуцијата на кинеско-американските односи, како и изгледите за економски развој на Кина, истакнувајќи дека меѓусебната соработка е клучна за решавање на несогласувањата во тековниот трговски спор помеѓу двете најголеми светски економии Напорите на САД за стекнување воена, технолошка и финансиска предност со цел ограничување на Кина, односно за спречување таа да има посилен глас на меѓународната политичка сцена, ја претставуваат суштината на меѓусебната конкуренција, со што економската конфронтација ќе опстојува долгорочно и покрај тоа што нетргувањето е заемно штетно, наведува Јифу Лин, почесен декан и професор на Националната школа за развој на Универзитетот во Пекинг, поранешен главен економист и виш потпретседател за развојна економија во Светската банка. Novamakedonija