Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за магазинот „Тајм“ објавено денеска изјави дека само тој може да донесе мир во Украина и најави економски раст заснован на агресивна трговска политика со високи царини.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека мировните преговори во Лондон биле обележани со „емоции“ и вети дека Украина ќе се држи до својот устав, алудирајќи на критиките на САД . Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека мировните преговори во Лондон биле обележани со „емоции“ и вети дека Украина ќе се држи до својот устав, алудирајќи на критиките на САД за неговиот став дека Киев никогаш не може да ја признае руската контрола на полуостровот Крим.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави за Би-би-си дека Украина може да биде принудена да се откаже од делови од својата територија како дел од мировниот договор со Русија, поради, како што е наведено, зголемениот притисок од американскиот претседател, Доналд Трамп, да се прифатат територијални отстапки.
Претседателот Доналд Трамп повторно го критикуваше претседателот на Украина, Володимир Зеленски велејќи дека справувањето со него е потешко отколку со Русија во напорите на САД да стави крај на војната.