Поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ, кој е во притвор и штрајкува со глад поради нагло влошување на здравствената состојба, утринава е префрлен во Институтот во Сремска Каменица, јавија белградските медиуми. Republika
Здравствената состојба на министерот во оставка Горан Весиќ се влошила и тој, од Окружниот затвор во Нови Сад, е префрлен во Институтот во Сремска Каменица, потврди неговиот брат Зоран Весиќ и изјави дека во моментов нема информации за состојбата на неговиот брат, кому, како што изјави, со наредбата за притвор практично му е потпишана смртна казна, бидејќи се работи за хроничен кардиоваскуларен пациент. Faktor