1 (9) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Oct 07:24 -> 14-Oct 09:40
.
.
.
.

Мицкоски на состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес

  • Самит на Берлинскиот процес

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес и утре се во посета на Берлин, Сојузна Република Германија каде ќе се одржи состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Во германскиот главен град денеска ќе се одржи самит на т.н Берлинскиот процес, на кој ќе присуствуваат претставници на шесте земји од Западен Балкан како и на Европската Унија.

8 (47) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Oct 14:15 -> 14-Oct 09:37
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: „Зелената” партија ДУИ секојдневно глуми жртва пред граѓаните

  • Бектеши: Уставните судии треба да внимаваат кога носат сензитивни одлуки кои предизвикуваат тензии

  • ДУИ се мобилизира за протести, владата подготвена да ги пресретне обидите за дестабилизација, вели премиерот

  • Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, `зелената` партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните.

Поранешниот министер за економија и дел од највисокото раководство на сега опозициската ДУИ, Крешник Бектеши, не сака да го коментира образложението на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, за укинувањето на „балансерот“, бидејќи, како што вели, се знае од која провиниенција доаѓа.

Премиерот Мицкоски смета дека обиди за детабилизација има и ќе има, но дека владата е подготвена да ги пресретне.

Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се. ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 – 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине.

9 (4) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Oct 07:12 -> 14-Oct 08:56
.
.
.
.

Мицкоски го подготвува писмото до ЕУ, опозицијата ќе даде поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени

  • МАКЕДОНСКИОТ ОД КОН ЕУ: Мицкоски готви писмо до ЕУ со нови идеи за преговорите, Радев вели дека тие завршиле во 2022 година

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во подготовка е писмо со нови предлози за тоа како да продолжат преговорите со ЕУ. Опозициската СДСМ, пак, вчера излезе со став дека нема да ја кочи иднината на земјава за политичка корист и дека ќе даде поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во подготовка е писмо со нови предлози за тоа како да продолжат преговорите со ЕУ. Опозициската СДСМ, пак, вчера излезе со став дека нема да ја кочи иднината на Македонија за политичка корист и дека ќе даде поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени.

13 (32) ■ вести ■ 12-Oct 09:37 -> 14-Oct 08:20
.
.
.
.

Синер е новиот „цар“ во Шангај, Ѓоковиќ ќе почека за „стотката“

  • Синер и Ѓоковиќ во финалето на мастерсот во Шангај

  • Ѓоковиќ пред финалето: Синер е најдобар во светот, тој ќе биде фаворит утре…

  • Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Јаник Синер ја продолжи жетвата на трофеи во 2024 година откако италијанскиот тенисер славеше во финалето против Новак Ѓоковиќ во Шангај, за свој четврти мастерс-пехар годинава, за дополнително зацврстување на првото место на АТП-листата.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер и Србинот Новак Ѓоковиќ ќе играат во утрешното машко финале на Мастерс турнирот во кинескиот град Шангај.

Новак Ѓоковиќ не го криеше задоволството откако српскиот тенисер во одличен меч славеше над Тејлор Фриц и се пласираше во големото финале од Мастерс-турнирот во Шангај.

Јаник Синер победи против Новак Ѓоковиќ вчера по нешто повеќе од еден час и повремен тенис, во сетови – 7:6, 6:3. Со оваа победа Италијанецот и дефинитивно потврди дека е најдобриот тенисер на планетата, откако неколку дена претходно го обезбеди првото место на АТП-листата.

Повеќе од
оваа категорија

87 (4) ■ спорт > фудбал ■ 13-Oct 11:31 -> 13-Oct 14:45
.
.
.
.

ВИДЕО: Денот кој ќе го памети засекогаш фудбалска Македониј

  • 31 година репрезентација: Денот кога фудбалерите гордо ја отслушаа „Денес над Македонија“

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска го одбележува почетокот на својата независна историја – 31 година од првиот меѓународен натпревар по осамостојувањето.

На 13 октомври, 1993 година, македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот фудбалски меч по осамостојувањето и во историски дуел со убедливи 4-1 славеше над домаќинот . Предводена од легендарниот селектор Андон Дончевски, генерацијата на Дарко Панчев, Илија Најдоски, , Чеде Јаневски, Зоран Бошковски пред околу 3.000 гледачи го одигра првиот фудбалски танц под национално знаме, стоеше гордо на македонската химна и дојде до првата победа.