Седницата на српското Собрание на која се расправа за Предлог-буџетот за 2025 година е прекината поради инцидент, туркања и физичка пресметка на пратениците од владејачката коалиција и опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград. Sitel
Седницата на српското Собрание на која се расправа за Предлог-буџетот за 2025 година е прекината поради инцидент, туркања и физичка пресметка на пратениците од владејачката коалиција и опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.
До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода. Biznisvesti
После тоа, опозицијата внесе голем бел транспарент со „крвава рака“ во салата, кој го поставија пред говорницата, додека еден пратеник не се обиде да им го грабне транспарентот, по што повторно избувна конфликт.
По смирување на ситуацијата, пратениците од опозицијата го попречуваа презентирањето на предлог-буџетот на српскиот премиер Милош Вучевиќ на говорницата, кон која пријдоа неколку пратеници кои свиркаа и носеа транспаренти на кои пишуваше „рацете ти се крвави“. Plusinfo
Прво дојде до туркање, а потоа и физичка пресметка меѓу Бојан Торбица од Движењето на социјалистите (Вулин) и претседателот на ССП, Драган Ѓилас.
За време на инцидентот во собранието се слушааа вувузели и свирежи. Novamakedonija