Таа укажа на амбициозната декларација од Будимпешта и нејзината истакната цел за конкурентна Европа, како и нејзиниот преглед за тоа што треба да направи ЕУ за да стане водечка дестинација за бизнис.
Таа посочи дека и за време на унгарското претседателство, укинувањето на контролите на копнените граници го отвори патот за Романија и Бугарија за целосно интегрирање во слободната Шенген зона, „таму каде што припаѓаат“. Netpress
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истакна дека за време на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, кое завршува на крајот на годината, била постигната пресвртница во пристапниот процес на Црна Гора, Албанија и Србија.
За време на вашето претседателство, Европа беше проширена и надворешно; оваа недела постигнавте пресвртници на пристапниот пат на Црна Гора, Албанија и Србија, рече Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел синоќа по завршувањето на состанокот на Советот на ЕУ. Црна Гора затвори три поглавја во преговорите со ЕУ оваа недела, Албанија отвори уште еден кластер, а Советот за општи работи на ЕУ одобри испраќање писмо до Србија во кое ја поканува да ги достави своите преговарачки позиции за поглавјата 16 и 19 во рамките на кластерот за конкурентност и инклузивен раст. Netpress
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска разговараше со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за зголемување на конкурентноста на ЕУ во светот, како и решенија за проблемот со имиграцијата, соопшти кабинетот на премиерката.
Како што се наведува, Мелони и Фон дер Лајден разговарале за влијанието на зелените политики врз автомобилската индустрија и загриженоста на италијанските фармери поради договорот ЕУ-Меркосур, со кој се зголемува увозот на говедско месо, живина и шеќер од земјите од Латинска Америка во Европа. Kanal5
Има нова позитивна енергија во односите ЕУ-Велика Британија, која треба да ја искористиме во иднина, рече Кошта, најавувајќи дека го поканил британскиот премиер Кир Стармер да присуствува на неформалниот Самит на ЕУ на 3 февруари следната година, кој ќе биде посветен на одбраната.
Осврнувајќи се на Украина, Кошта рече дека на Самиот постоело „расположение на силна одлучност“ дека Европската Унија е обединета во својата поддршка на земјата за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир. Denesen
Освен тоа, имаме и силно безбедносно партнерство и споделуваме долгогодишна посветеност на трансатлантскиот мир и стабилност, рече Фон дер Лајен.
Таа му се обрати и на Орбан, нагласувајќи дека унгарското претседателство со ЕУ беше во период на транзиција на европските институции што секогаш претставува предизвик, но дека Унгарија сепак оствари многу достигнувања во овој мандат. Denesen