Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истакна дека за време на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, кое завршува на крајот на годината, била постигната пресвртница во пристапниот процес на Црна Гора, Албанија и Србија.
Згора на тоа, француско-германското дуо е фокусирано на домашните прашања, што ѝ овозможи на Фон дер Лајен да ги протурка одлуките и покрај француското или германското вето Расте нервозата кај високите дипломати на ЕУ поради неодамнешните еднострани потези на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за стекнување моќ и влијание, кои се очекуваше да бидат тема на разговор меѓу состаноците на лидерите на европскиот блок што се одржуваа деновиве во Брисел, објави европското издание на магазинот „Политико“.