Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска,по средбата со американскиот заменик државен секретар за управување и ресурси, Ричард Верма, во Белград, изјави дека побарал подолг рок за примена на американските санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС), што беа воведени затоа што компанијата е во мнозинска сопственост на Русија.
САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија(НИС). Американското Министерство за финансии денеска донесе одлука за воведување санкции, како што се очекуваше, јавија српските медиуми.