Во анализата се нагласува дека ваквата гасната криза, што започна во 2022 година, особено тешко ја погоди Централна Европа, каде гасот игра важна улога, особено за затоплување и за функционирање на производствениот сектор.
Одлуката на Киев за запирање на транзитот на руски гас преку украинска територија поттикна нова фаза во преоблекувањето на гасната политика во Централна Европа, кое започна со инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година, се наведува во анализата на француската Фондација „Роберт Шуман“ насловена „Помеѓу Балтикот и Балканот, новата гасна геополитика“. Kanal5
Капацитетот на увозот се очекува да се удвои до 2028 година, а германските власти долгорочно сметаат на шест терминали, покрај значителниот капацитет за складирање и поврзувањето со терминалите за ЛНГ во Белгија и Холандија.
Заедно, овие капацитети значително ќе ја подобрат улогата на Германија во енергетската безбедност на Централна Европа“, се потенцира во анализата. Telma
Во анализата се нагласува дека ваквата гасната криза, што започна во 2022 година, особено тешко ја погоди Централна Европа, каде гасот игра важна улога, особено за затоплување и за функционирање на производствениот сектор.
„Производството на гас благо порасна во Унгарија, Полска и, пред се, во Романија, но добиените количества од таму даваат само скромен придонес за енергетската безбедност на регионот. Plusinfo
Сите овие фактори ја прават Централна Европа единствен регион, се додава во текстот.
Новата реалност во снабдувањето со гас, според авторите на анализата, резултира не само со намалување на дотокот на енергенсот од Русија, туку и со интензивирање на поврзаноста на релација север-југ и зголемување на меѓузависноста на државите од регионот, како и на зависноста од одредени земји членки на ЕУ. Доказ за тоа, како што се наведува во текстот, е терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во литванскиот град Клаипеда, кој беше клучен за намалување на енергетската зависност на Литванија од Русија и кој сега игра важна улога во снабдувањето со гас на Централна Европа. Kanal5
Кога станува збор за Полска, таа од 2022 година е поврзана со гасовод со Норвешка, а преку терминалот за ЛНГ во Швиноушче, кој е отворен во 2016 година, таа се снабдува од различни добавувачи, со што стана целосно независна од испораките на руски гас и прерасна во главен центар за снабдување со енергенси на Централна Европа.
„Во моментов се разгледуваат планови за изградба на нов терминал во Гдањскиот Залив. Plusinfo
Кога станува збор пак за Хрватска, нејзиниот гасен терминал на островот Крк, кој беше недоволно искористен до 2022 година, има индиректна корист од намалувањата на руските испораки на гас и сега работи со зголемен капацитет, а дополнително земјата планира и поврзување со „Јужноевропскиот гасовод“ со изградба на „Јонско-јадранскиот гасовод“ од албанскиот град Фиер, преку Црна Гора до Сплит.
„Сите овие иницијативи ја консолидираат улогата на медитеранското крајбрежје, како порта на гасот за Балканот и јужниот дел на Централна Европа и се пандан на сличните проекти долж балтичкото крајбрежје. Plusinfo