Советот на министри на Босна и Херцеговина ја усвои Реформската програма на БиХ за 2025 година, предложена од Комисијата за соработка со НАТО, која ќе биде доставена до седиштето на Алијансата во Брисел.
Тоа овозможува континуирана работа на институциите на БиХ на поставување на приоритети и спроведување на обврските кои произлегуваат од учеството на БиХ во програмата на НАТО – Партнерство за мир. Biznisvesti
Додик истакна дека добил покана од судот да се пријави утре во 11 часот бидејќи е осомничен за нарушување на уставниот поредок, а осомничени се и премиерот, претседателот на Собранието и министрите.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, синоќа потпиша укази за прогласување закони усвоени на специјална седница на Народното собрание на Република Српска, со кои се забрануваат активностите на Судот и Обвинителството на БиХ, и СИПА на БиХ. Slobodenpecat
Ненајавена средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, била одржана околу 14 часот во Белград, во вилата Мир, а по средбата тие се обратиле на новинарите.
Претседателот на РС Милорад Додик рече дека дошол да ја изрази својата доверба на раководството на Србија и да ја смири ситуацијата во Република Српска. Slobodenpecat