Сопственикот на една од најпопуларните интернет страници во светот Pirate Bay загина во авионска несреќа на Велика Планина во Словенија.
Пилотот кој во понеделникот загина во авионска несреќа во областа Велика Планина во Словенија е Карл Лундстром (64), шведски претприемач, поранешен политичар и косопственик на светски познатата пиратскa веб-страница „The Pirate Bay“, пренесува . Неговата смрт ја потврди и шведската крајнодесничарска партија Алтернатива за Шведска, чиј член беше од основањето на партијата во 2018 година, објавија шведските медиуми.