Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри, на 92 километри јужно од градот Мандалеј, според EMSC.
Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Пакистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 39 километри, соопшти ЕМСЦ.