Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Civilmedia
Програмската шема на РТС се емитува отежнато, уредништвото веќе неколкупати повика на прекин на блокадата.
Студентите во блокада синоќа најавија дека Велигден ќе го дочекаат пред Радио и телевизија на Србија и ги повикаа граѓаните да им се придружат во тоа. Netpress
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм порача дека не смее да се продолжи со блокада на Радио-телевизија Србија и дека државата ќе има сила да го заштити уставниот поредок. Denesen