Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека на Украина ќе ѝ требаат ракети „Патриот“ за својата одбрана, откако во петокот разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, и изрази разочараност поради одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на борбите, пренессе „Ројтерс“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу незадоволен“ од телефонскиот разговор што го имал со рускиот претседател Владимир Путин, кој не довел до напредок кон завршување на војната во Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараа за оружјето за воздушна одбрана и ескалацијата на руските напади врз Украина во петокот, објави Аксиос.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека потпишал писма до 12 земји со кои се наведуваат царините што ќе ги применат САД на нивниот извоз во оваа земја, притоа нарекувајќи ги овие понуди „земи или остави“ и најавувајќи дека ќе бидат испратени во понеделник, пишува Ројтерс.