Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека е подготвен да воведе реципрочни царини за САД и дека неговата земја би можела да преземе низа мерки како одговор на царините за увоз од 50 проценти што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп во среда.„Можеме да се обратиме до Светската трговска организација, да предложиме меѓународни истраги, да побараме објаснувања“, рече Лула, како што објави Ројтерс.Сепак, според него, „главната работа е Законот за реципроцитет усвоен од (бразилскиот) Конгрес“.„Ако тој ни наплати 50 проценти, ние ќе му наплатиме (нему) (на Трамп) 50 проценти“, објасни бразилскиот претседател.
Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера испрати писмо до бразилскиот колега Луис Инасио да Силва во кое го информира дека планира да воведе дополнителни царини од 50 проценти за бразилските производи како одговор за кривичното гонење на поранешниот претседател Жаир Болсонаро.