Палестинската милитантна група Хамас ја осуди одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на палестинските затвореници, велејќи дека тврдењето на израелските власти за „понижувачките“ церемонии за предавање на заложниците на Хамас е лага и изговор за избегнување на обврските што произлегуваат од договорот за прекин на огнот во Газа.
Израел го обвини Хамас дека ги уби двете деца Ариел и Кфир Бибас, кои беа заложници во Појасот Газа и оти било предадено тело на друга персона наместо на нивната мајка Шири.
Едно од четирите тела што вчера беа вратени од Газа во Израел не е на заложникот Шири Бибас, како што тврдеше Хамас, соопшти израелската војска, пренесува Би-би-си. Веста дека Шири Бибас (33) и нејзините синови Ариел и Кфир, кои сега би имале пет и две години, се мртви, предизвика бран тага во Израел.
Официјален претставник на Хамас денеска изјави дека телото на заложничката Шири Бибас, што утринава беше предадено на Израел, најверојатно по грешка било идентификувано со телата на другите заложници кои загинале под урнатините во Појасот Газа.