Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја оцени Парадата на гордоста одржана вчера во Будимпешта како „одвратна и срамна“, обвинувајќи ја ЕУ дека ги инструирала опозициони политичари да го организираат настанот кој потоа се претворил во антивладин протест, пренесоа локалните медиуми.
Рекордно високи казни би можеле да следат по досега најголемата парада на гордоста во Будимпешта, предвиде денеска независниот пратеник Акос Хаџази, еден ден по настанот.
И покрај обидите на унгарската влада да го забрани одржувањето на Парадата на гордоста, стотици активисти, граѓани и политичари од цела Европа маршираа низ улиците на Будимпешта, претворајќи го 30-тиот Budapest Pride во моќна демонстрација против режимот на Виктор Орбан и политиките што, според критичарите, ја разградуваат демократијата и човековите права во Унгарија.