Европската унија може да ја разгледа можноста за замена на увозот на руски течен природен гас со увоз од САД, изјави пред новинарите претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по неформалниот самит на ЕУ во Будимпешта.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека со нетрпение очекува повторно да работи со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за зајакнување на трансатлантските врски, додека генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека ќе работи со него за решавање на заедничка закана од Русија во Украина.
Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објавија дека телефонски му ја честитале на Доналд Трамп на изборот за претседател на САД.