Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер синоќа оцени дека е „реален предлогот на трите опозициски партии предвремените парламентарни избори во земјата да се одржат на 23 февруари следната година“.
Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека Штајнмаер го поздравува фактот што парламентарните групи договориле „патоказ“ за гласање доверба на владата на 16 декември и го смета 23 февруари следната година за реален датум за нови избори. Kanal5
Претседателот на CDU, кој е и демохристијански кандидат за иден канцелар, а со тоа и најверојатен претседател на идната влада, му забележа на Шолц и за тоа што се обидел да го постави прашањето за доверба на владата дури во јануари, со што датумот на нови избори би се поместил во март.
Сепак, во вторникот беше постигнат договор прашањето за доверба на Бундестагот да се постави кон средината на декември, кога ќе се гласа за доверба на владата на Шолц, а нови избори би се одржале на 23. февруари. Netpress