Трамп изјави дека Маск и Рамасвами ќе бидат надворешни соработници, кои ќе и даваат совети и насоки на Белата куќа и ќе соработуваат со Канцеларијата за управување и буџет за да поттикнат, како што вели, структурни реформи од големи размери кои треба да создадат претприемачки пристап на владата кој никогаш претходно не бил виден И покрај тоа што се нарекува министерство, не станува збор за владина агенција, пишува британски „Гардијан“.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги назначи Илон Маск и Вивек Рамасвами заедно да го водат новосоздадениот Оддел за владина ефикасност, давајќи уште поголемо влијание на најбогатиот човек во светот.