Шефот на иранската револуционерна гарда, Хусеин Салами, во својот говор во петокот, го опиша налогот за апсење на израелскиот премиер и на поранешниот министер за одбрана, издаден од Меѓународниот кривичен суд, како „крај и политичка смрт“ на Израел, . – Ова значи крај и политичка смрт на ционистичкиот режим, режим кој денес живее во апсолутна политичка изолација од светот и неговите службеници повеќе не можат да патуваат во други земји – рече Салами во говорот емитуван на државната телевизија. Plusinfo