Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека воено-политичкиот блок и помогнал на Украина да издржи во војната со Русија во целосни размери, но дека сега е неопходно да се промени „траекторијата на конфликтот“. Republika
Нашата поддршка за Украина ги задржа во борбата, но треба да одиме понатаму за да ја промениме траекторијата на конфликтот.
Треба да обезбедиме клучна противвоздушна одбрана и да ги исполниме обврските преземени на Самитот на НАТО во Вашингтон, истакна Руте. A1on
Заедно да одиме напред, со верба во основните принципи на слободата, демократијата, солидарноста, со неопходното и неизбежно почитување на меѓународното право, но, дозволете ми да го истакнам ова, и меѓународните договори.
Меѓународните договори претставуваат основа на меѓународната безбедносна архитектура, нешто што секако особено се однесува и на чувствителниот регион на Западен Балкан, рече грчкиот премиер. Biznisvesti