Поранешниот министер за градежништво на Србија, Горан Весиќ, кој е еден од приведените поради несреќата во Нови Сад, утринава од притвор е префрлен на лекување во Инситутот во Сремска Каменица, откако неколкудневниот штрајк со глад му предизвикал нагло влошување во здравствената состојба.
Активистичките групи „Став“ и „Свиќе“ најавија нов протест во Нови Сад за денеска во 14 часот, кој ќе започне во близина на железничката станица, каде што на 1 ноември загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Владата на Србија на 22 ноември му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ, по што му беше одредена мерка притвор, јави дописникот на МИА од Белград.