Треба да обезбедиме клучна противвоздушна одбрана и да ги исполниме обврските преземени на Самитот на НАТО во Вашингтон, истакна Руте.
Грчкиот премиер во изјавата ја повтори поддршката на Грција за Украина, рече дека е неопходно да се зајакне колективната одбрана, а се осврна и на потребата за зајакнување и на европската одбрана и на „потребата за заедничка противракетна одбрана“, за што рече дека е „иницијатива која ќе ја зајакне и надополни улогата на Алијансата на нашиот континент“. A1on
Заедно да одиме напред, со верба во основните принципи на слободата, демократијата, солидарноста, со неопходното и неизбежно почитување на меѓународното право, но, дозволете ми да го истакнам ова, и меѓународните договори.
Меѓународните договори претставуваат основа на меѓународната безбедносна архитектура, нешто што секако особено се однесува и на чувствителниот регион на Западен Балкан, рече грчкиот премиер. A1on