„Тој и првата дама ќе го испочитуваат тоа ветување и ќе присуствуваат на инаугурацијата“, рече Бејтс.
Трамп победи на изборите во САД на 5 ноември, а во Овалната соба ќе се врати на 20 јануари. A1on
Американскиот претседател во заминување, Џозеф Бајден, и првата дама, Џил Бајден, потврдија дека ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари 2025 година. Telma
Тој изјави дека Џозеф и Џил Бајден ќе го исполнат тоа ветување и ќе присуствуваат на инаугурацијата.
Трамп и Бајден се сретнаа во Белата куќа на 13 ноември, откако американскиот претседател во заминување рече дека ќе дозволи непречена транзиција на власта. Biznisvesti
Традицијата налага претседателот во заминување и неговата прва дама да се сретнат со новата претседателска двојка утрото на Денот на инаугурацијата и да дојдат заедно во Капитол.
Републиканецот Трамп ја прекрши таа традиција и не присуствуваше на инаугурацијата на демократот Бајден во јануари 2021 година. Netpress