Ниту САД, ниту Кина нема да победат од трговска војна, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон, Лиу Пенгвеи во денешното соопштение.
Изјавата доаѓа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни 10 отсто царини за сите кинески стоки кога ќе ја преземе функцијата.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп потврди дека меѓу неговите први економски мерки по неговата инаугурација во јануари ќе биде зголемувањето на царините за производите кои доаѓаат од Кина, Канада и Мексико.
„Една од моите први извршни наредби на 20 јануари ќе биде потпишување на потребните документи за воведување царини од 25 отсто на сите производи што влегуваат во САД од Мексико и Канада“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“. Fokus
Многу менаџери на Волстрит го гледаа овој потег како сигнал за подготвеноста на Трамп да го ублажи пристапот кон царините, коментира изданието.
Според Мет Симпсон, висок пазарен аналитичар во Сити Индекс, откако Трамп го номинираше менаџерот на хеџ-фондовите Скот Бесант за секретар на Министерството за финансии, човек кој на пазарите се очекува да ја олади моќта на Трамп, новоизбраниот претседател сега се чини дека сака да ги потсети пазарите кој ја има контролата“ додаде Симпсон, цитиран од „Гардијан“. Nezavisen
Тој рече дека причината за дополнителната царина е неуспехот на Кина да го намали количеството на дрога што влегува од таму во САД.
Кина е голем производител на прекурсори кои се користат од нарко-картелите, вклучително и од тие во Мексико, за производство на фентанил, силен синтетички опиоид. 360stepeni
„И Мексико и Канада имаат апсолутно право и моќ лесно да го решат овој долготраен проблем.
Со ова бараме да ја искористат оваа моќ“, продолжи тој, „и додека не го сторат тоа, време е да платат многу голема цена!“ Висок претставник на канадската влада рече дека премиерот Џастин Трудо и Трамп разговарале по објавите на Трамп. Nezavisen
Трамп ја објаснува својата одлука со кризата во САД, која ја поврзува со дрогата и имиграцијата.
За време на кампањата, Трамп најави царини до 60 отсто за одредени кинески производи. Faktor
Што се однесува до Кина, нејзината економија е во многу поранлива позиција со оглед на продолжениот пад на пазарот на недвижности во земјата, должничките ризици и слабата домашна побарувачка, додава Гардијан.
Според Индипендент, заканата од двоцифрени царини веројатно ќе има големо влијание врз клучните сектори на американската економија, вклучувајќи ги автомобилите, суровата нафта и земјоделството, кои заземаат значителен дел од трговијата со наведените земји. Plusinfo
Официјалните податоци укажуваат дека во 2024. американските гранични служби заплениле околу 12.247 килограми фентанил.
Во 2019 година, кога Трамп беше претседател, фентанилот запленет на граница изнесуваше 1.154 килограми. Plusinfo
Трамп на социјалната мрежа Truth Social напиша дека на 20 јануари ќе ги потпише сите потребни документи за воведување царина од 25 отсто за сите производи од Мексико и Канада што се увезуваат во САД и царина од 10 отсто за производите од Кина.
Тој додаде дека новите царини ќе останат во сила „додека не се искорени дрогата, особено фентанилот“, како и илегалните имигранти. зш/фото ЕПА . Извор: МИА. Biznisvesti
Лиу Пенгју, портпарол на кинеската амбасада, рече дека Кина презела чекори за борба против шверцот со дрога откако минатата година е постигнат договор меѓу Џо Бајден и Си Џинпинг.
„Кинеската страна ги извести САД за напредокот постигнат во операциите за спроведување на законот против наркотиците. Libertas
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вети дека веднаш по преземањето на функцијата ќе воведе царини на стоки увезени од Мексико и Канада – два од најблиските сојузници на САД – како и оние од Кина, пишува „Волстрит Џурнал“.
Откако победи на изборите, тоа е најјасен сигнал дека тој има намера да ја следи тешката предизборна реторика што му помогна да стигне до Белата куќа, коментира изданието. Plusinfo
Ниту САД, ниту Кина нема да ја добијат трговската војна, одговори кинеската амбасада во Вашингтон во понеделникот на заканата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе дополнителни царини од 10 отсто на сите кинески увозни производи кога ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.
„Во врска со американските царини за Кина, Кина верува дека кинеско-американската економска и трговска соработка е заемно корисна“, рече портпаролот на кинеската амбасада Лиу Пенгју. Kajgana
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе огромни нови царини за производи од Мексико, Канада и Кина штом ќе ја преземе функцијата, како дел од напорите за сузбивање на илегалната имиграција и трговијата со дрога.
Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“ напиша дека на 20 јануари ќе ги потпише сите потребни документи за воведување царина од 25 отсто за сите производи од Мексико и Канада што се увезуваат во САД и царина од 10 отсто за производите од Кина. Alsat
Овие царини, доколку се спроведат, би можеле значително да ги зголемат цените на автомобилите, горивото и другите производи, бидејќи Канада, Мексико и Кина се главните добавувачи на стоки во САД, пренесува CBS.
Иако не е јасно дали Трамп ќе ги исполни овие закани, тој ги користи како преговарачка тактика за постигнување политички цели, вклучително и сузбивање на трговијата со дрога и илегалната имиграција. Mk
„Иако американско-мексико-канадскиот договор не може ефективно да се преговара до 2026 година, со денешните коментари за тарифите, Трамп веројатно се обидува да го започне процесот порано“, рече Алекс Лу, валутен и макроекономски стратег, за Гардијан во канадската меѓународна инвестициска банка TD Securities.
Весникот, исто така, ја цитираше Венди Катлер, потпретседател на Азискиот институт за општествени политики и поранешен трговски функционер на САД: „Мексико и Канада остануваат многу зависни од американскиот пазар, така што немаат голема можност да го надминат Заканите на новоизбраниот претседател Трамп“. Nezavisen
Таквиот потег најверојатно ќе го ажурира трговскиот договор САД-Мексико-Канада (USMCA), што Трамп го постигна за време на неговиот прв мандат.
Според официјалните податоци на американската влада во 2022 г. американските стоки и услуги со кои се тргува во рамките на овој трговски договор изнесуваат 1,8 трилиони долари, додава американското издание. Nezavisen
Во одговор, кинеската амбасада во Вашингтон изјави дека не постои победник во трговската војна и дека кинеско-американската економска и трговска соработка е обострано корисна.
Пекинг истакна дека веќе презема чекори во борбата против шверцот со дрога, вклучувајќи заострени контроли и повеќе соработки со САД. Telma
Кинескиот амбасадор во Австралија, Сијао Чианг, денеска изјави дека трговската политика на САД кон Кина и другите земји, исто така, ќе има влијание врз односите меѓу Канбера и Пекинг.
„Американската трговска политика кон Кина и другите земји ќе има влијание и е важен елемент што треба да го разгледаме“, рече Сијао на прес-конференција во Канбера на прашањето дали планираните можни царини на Трамп за трговијата со Кина ќе влијаат на билатералните односи меѓу Австралија и азискиот економски гигант. Kanal5
Трамп победи на изборите главно благодарение на разочарувањето на гласачите од инфлацијата, но неговите закани за нагло зголемување на царините ризикуваат да ги поскапат храната, автомобилите и другите стоки, наведува Вашингтон пост.
Доколку се засилат инфлациските притисоци, Федералните резерви можеби ќе треба да ги задржат своите клучни каматни стапки повисоки, предвидува публикацијата. Nezavisen
Новоизбраниот претседател на САД, исто така, посочи дека „ќе воведе дополнителни 10% царини за Кина, покрај сегашните царини за сите стоки увезени во САД“ додека дрогата не престане да ја „поплавува“ земјата.
Различни закони му даваат на претседателот овластување да наметнува тарифи без овластување од Конгресот, но повеќето бараат оправдување од економска, трговска или национална безбедност. Plusinfo
Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари, изјави портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс.
Претседателот во заминување Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари, изјави вчера портпаролот на Белата куќа.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе прогласи 15.000 трансродови лица кои служат во војската на САД за неподобни, Магазинот тврди дека ова може да биде меѓу првите мерки на Трамп откако тој ќе стапне во Белата куќа на 20 јануари.
Се очекува Доналд Трамп да потпише извршна наредба за отстранување на трансродовите лица од војската на неговиот прв ден на функцијата.
„За време на изборната кампања Трамп зборуваше за тоа како сака да постигне мир на некој начин и водеше сè кон мирно решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руска телевизија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја обвини администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден дека ги поткопува плановите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина.
Европската федерација на новинари (ЕФЈ) одлучи да не објавува ништо на платформата X на Илон Маск од 20 јануари 2025 година, кога Доналд Трамп официјално ќе стане 47-ми претседател на САД.
Европската федерација на новинари (ЕФЈ) одлучи да не објавува ништо на платформата Икс на Илон Маск од 20 јануари 2025 година, кога Доналд Трамп официјално ќе стане 47-ми претседател на САД.
Поранешниот шеф на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави денеска дека не очекува брзо завршување на војната меѓу Украина и Русија кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе власта.