Членките на Северноатлантската алијанса треба да ја забрзаат процедурата за Украина да стане полноправна членка на НАТО што е можно поскоро, се наведува во резолуцијата усвоена на пленарната седница на Парламентарното собрание на НАТО.
„Собранието ги повикува владите и парламентите на членките на Алијансата да ги интензивираат политичките и практичните напори за Украина да добие покана и да стане 33. членка на НАТО што е можно поскоро“, се вели во резолуцијата, пренесува Укринформ. Kanal5