Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е чекор поблиску до спроведувањето на продажбата на пакетот оружје за Израел од 680 милиони долари, изјави американски официјален претставник запознаен со планот, и покрај прекинот на огнот со посредство на САД меѓу Израел и либанската вооружена група Хезболах.
Хамас соопшти дека е „подготвен“ за примирје во Газа по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, пренесува АФП.
Израел бара од ОН ефикасно спроведување на договорот за прекин на огнот во Либан и ќе покаже „нула толеранција“ за секое негово прекршување, изјави денеска министерот за одбрана Израел Кац, пренесен од британските медиуми.
Хамас е подготвен за прекин на огнот во Газа, изјави висок функционер на палестинската милитантна група, поздравувајќи го примирјето што стапи на сила во Либан меѓу Израел и Хезболах, пишува The Times of Israel.