Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „нешто ќе се случи“ во Украина наскоро, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа. Тој рече дека е „реалистичен и оптимист“ за постигнување мир во Украина, додавајќи дека внимателно ги следи активностите што ги преземаат Путин и Зеленски.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека наскоро „нешто ќе се случи“ во Украина, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа. Тој рече дека е „реалистичен и оптимист“ за постигнување мир во Украина, додавајќи дека внимателно ги следи активностите што ги преземаат Путин и Зеленски.
Полицијата од Куманово поднесе кривична пријава против петмина на возраст од 51 до 61 година, сите вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство на различни позиции, кои ја злоупотребиле нивната службена положба и свесно исплаќале плати и придонеси на еден од осомничените, кој бил вработен како архивар, знаејќи дека тој скоро шест години воопшто не се појавил на работа. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од с.Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, се вели во полициското соопштение.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од с.Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 30.05.2024 била извршена контрола во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство-Подрачна единица Куманово и од извршениот увид во списоците за редовност било констатирано дека првопријавениот-вработен во Подрачната единица Куманово на работно место помлад референт-архивар, во периодот од 01.12.2018 до 30.04.2024 воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства.
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Фото: ЦУК Пожарот на Кожуф ставен под контрола Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд при што за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, како и со засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град.
Времето денеска е променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд при што за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, како и со засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нема потреба од нова декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите што најголемата македонска опозициска партија СДСМ најави дека ќе ја поднесе. Сиљановска-Давкова денеска од Охрид им порача на сите политички партии да седнат во Парламентот и да се договорат како ќе настапуваат надвор од државата.
Уставните судови не се под јурисдикција на политичари на соседни земји, а одлуките на овој суд се конечни и не се коментираат, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во однос на писмото на шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев до неговите колеги од ЕУ, во кое вели дека е непотребна провокација и правна апсурдна постапка иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот од Договорот за доброседство со Бугарија, поднесена до Уставниот суд од поранешната пратеничка Лилјана Поповска. Според неа непријатно е да се коментираат вакви изјави како и да се даваат комeнтари за работа на Уставен суд.
Во изминатите два дена и по извршените претреси на локацијата „Вардариште“ по наредба на судија на претходна постапка, обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека три лица сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик, велат од ОЈО. Поднесена е кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против М.М.(54), А.А.(28) и Ф.А.(41), сите од Скопје.
Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи во изминатите два дена и извршени претреси на локацијата Вардариште по наредба на судија на претходна постапка, обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека три лица сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик, соопштуваат од ОЈО. ,,Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага и предложи на тројцата да им биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да продолжат да го повторуваат делото.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин. Средбата ја следеа бројни телевизиски екипи.
Српскиот претседател Александар Вучиќ за првпат навести што би можел да работи кога ќе ја напушти власта, пренесува „Нова.рс“. „Кога наскоро ќе ја напуштам власта, а кога мојата ќерка ќе се врати од магистерските студии, таа се занимава со статистика – ако отвори своја компанија, ќе работам за неа“, рече Вучиќ пред српските новинари во Кина.
Откако синоќа во Народното собрание на Република Српска (НАРС) беше избрана новата, нелегална ентитетска влада, бошњачките претставници во институциите на тој ентитет ја доведоа во прашање нејзината легитимност и уставност, бидејќи мандатарот го предложи Милорад Додик, на кого, според одлуките на Централната изборна комисија на БиХ и Судот на БиХ, му беше одземен претседателскиот мандат. Претседателот на Бошњачкиот клуб во Советот на народите на РС, Алија Табаковиќ, изјави дека целиот процес е доведен во прашање во самата своја суштина, бидејќи Додик повеќе нема право да ја држи функцијата претседател.
Соединетите Американски Држави се придружија на дебатата дали Словенија треба да му забрани влез на поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, поради конечната пресуда во Босна и Херцеговина, пишува словенечкиот портал „necenzurirano.si“. Неколку извори од меѓународни дипломатски кругови потврдија во последните денови дека Вашингтон се обидува да влијае и врз Словенија во врска со ова прашање.
Најмалку 15 лица загинаа, а 18 се повредени откако излета од шините фуникуларот „Глорија“ во Лисабон, соопшти портпарол на службите за итна помош. Фуникуларот е железничка жичница што се движи по стрмнина со помош на кабел и претставува една од најпознатите туристички атракции во португалската престолнина.
Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога 140-годишната жичница Глорија, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи.
Најмалку 15 лица загинаа, а 18 други се повредени откако познатиот трамвај Глорија во Лисабон излета од шините и се урна, соопштија службите за итни случаи. Португалските служби за итна медицинска помош соопштија дека петмина од повредените се во сериозна состојба.
Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени кога популарната туристичка атракција во Лисабон, жичарницата Глорија, излета од шините и се урна, соопшти португалската полиција. Шефот на португалската служба за цивилна заштита изјави дека неколку лица се заробени, а девет лица се во сериозна животно загрозувачка состојба.
Доналд Трамп во Вашингтон/Фото: Mandel NGAN / AFP / Profimedia Трамп: Америка го зголемува своето воено присуство во Полска Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговараше со претседателот на Полска, конзервативниот националист Карол Навроцки во Белата куќа. Тој рече дека САД би можеле да го зголемат своето воено присуство во Полска и вети дека ќе се погрижи за одбраната на земјата.
фото МИА Трамп: САД би можеле да го зголемат своето воено присуство во Полска Американскиот претседател Доналд Трамп денес, во разговор со претседателот на Полска, конзервативниот националист Карол Навроцки во Белата куќа, изјави дека САД би можеле да го зголемат своето воено присуство во Полска и ветија дека ќе ја обезбедат одбраната на земјата. Трамп, кој го пречека својот сојузник со прелет на воени авиони, рече дека САД имаат „неверојатен однос со Полска“, пренесува Ројтерс.
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ воведува нови пет нови авиолинии до европските метрополи. Од Скопје ќе се лета до Наполи и Будимпешта од март следната година, додека од Охрид граѓаните ќе можат да патуваат до Катовице, Вроцлав и Милано.
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ воведува нови пет нови авиолинии до европските метрополи. Од Скопје ќе се лета до Наполи и Будимпешта од март следната година, додека од Охрид граѓаните ќе можат да патуваат до Катовице, Вроцлав и Милано.
Цената на златото достигна нов рекорд надминувајќи го нивото од април годинава. Спот цената во раните часови од азиското тргување скокна за 0,9 проценти на 3.508,70 долари за унца, пред да се стабилизира на 3.497 долари.
Цените на златото скокнаа на рекордно високо ниво денеска, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во април откако претседателот Доналд Трамп воведе тарифи на „Денот на ослободувањето“, во услови на слаб долар и очекувања за намалување на каматните стапки во САД овој месец. Спот златото порасна за 0,9 проценти на 3.508,70 долари за унца во раната азиска трговија, пред да ги намали добивките на 3.497 долари.
МВР информира дека во неделата во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.
Старец бил прегазен на велосипедска патека во Скопје, при што во него удрил електричен тротинет. Според пријавата во полиција, на 31 август, во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.
Спомен-куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов – Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени за посетителите, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на Велес. Тој воедно ја посети и Спомен куќата на Рацин која е најпосетувана од сите спомен куќи во Велес.
Од: А1он Спомен куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов – Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени за посетителите, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на Велес. Тој воедно ја посети и Спомен куќата на Рацин која е најпосетувана од сите спомен куќи во Велес.
Следете го во ЖИВО соочување на Еурофарм Пелистер и Вардар во Суперкупот на Македонија.
Вечерва од 19 часот официјално почнува сезоната во македонскиот клупски ракомет, со дуелот во Суперкупот, меѓу Пелистер и Вардар. Мечот ќе се игра во Кавадарци, а „црвено-црните“ од Скопје ќе се обидат со трофеј да ја почнат сезоната откако минатата ја завршија трагично, со пораз на домашен терен од битолскиот ривал кој „пред нос“ им ја однесе шампионската титула.
Тенисерот на Канада, Феликс Оже-Алијасим славеше против Алекс Де Минор со 3-1 во сетови, односно 4-6, 7-6, 7-5 и 7-6 за пласман во полуфинале на Ју-Ес Опен. Де Минор го освои првиот сет со 6-4, но потоа во голема борба во тај-брејкот беше поразен со 7-9 во вториот сет.
Фото: US Open Tennis Championships Оже-Алијасим го изненади Де Минор за полуфинале, сега го чека подобриот од италијанската битка Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим обезбеди пласман во полуфиналето на САД Опен, совладувајќи го Австралиецот Алекс Де Минор со 3-1 во сетови 4-6, 7-6 (9-7), 7-5 и 7-6 (7-4). Де Минор одлично го започна мечот и го доби првиот сет со 6-4, но Оже-Алијасим возврати во вториот, каде по голема драма во тај-брејкот успеа да израмни со 9-7. Во третиот сет, Канаѓанецот ја презеде контролата и го доби со 7-5, а конечната победа ја потврди повторно во тај-брејк, триумфирајќи со 7-4. Во полуфиналето, Оже-Алијасим ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Италијанците Јаник Синер и Лоренцо Музети. Почитуван читателу, Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Елмас посочи дека влегуваат во пресметката со С. Арабија со максимален фокус и ова ќе биде одлична подготовка и увертира за предизвиците кои следат. „За нас пријателски натпревари не постојат.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој пред неколку дена ја комплетираше позајмицата во Наполи ќе биде дел од двата натпревари на Македонија, утрешниот пријателски против Саудиска Арабија и дуелот со Лихтенштајн три дена подоцна во квалификациите за Светското првенство. Како што порача фудбалерот од средниот ред, иако е пријателски натпревар тие ќе влезат максимално сериозно и на Саудиска Арабија гледаат како на сериозен ривал.
Од: А1он Актерката Деми Мур беше гостинка во емисијата на Опра Винфри, каде што за првпат отворено проговори за влошената состојба на Брус Вилис и врската на неговата сегашна сопруга, Ема Хеминг, која „маестрално се справува со сите предизвици“. Деми беше во брак со Вилис 13 години и во тој период имаа три ќерки, а по разводот останаа најдобри пријатели и веројатно пример за сите за тоа како треба да изгледа едно семејство без оглед на околностите.
Познато е дека Брус Вилис и Деми Мур останаа блиски дури и по разводот, а актерката е позната по тоа што ја поддржува сегашната сопруга на Вилис, Ема, во овие тешки времиња. Сопругата на Брус Вилис неодамна беше критикувана поради сцојата искреност и целосна транспарентност.
Сите го познаваат холивудскиот актер Двејн Џонсон, познат и како „Карпата“, како исклучително мускулест човек кој изгради име во светот на забавата и спортот токму со помош на својата импресивна фигура. Легендарниот борач и актер беше познат по своето силно и огромно тело кое со години доминираше на екранот, особено во акционите филмови.
Двејн Џонсон, попознат како „Карпата“, беше преплавен од емоции на премиерата на неговиот нов филм „Машина за кршење“ (The Smashing Machine) на Венецијанскиот филмски фестивал. Публиката го поздрави со дури 15-минутни овации, по што актерот не успеа да ги задржи солзите.