Израел го повика ватиканскиот амбасадор во Тел Авив, нунциј Адолфо Ијана, во Министерството за надворешни работи откако папата Франциск ги осуди израелските напади во Газа како „суровост, а не војна“.
Папата изјави дека насилството над децата, уништувањето на училиштата и болниците претставува „голема суровост“.
Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ пренесува дека во Министерството бил повикан амбасадорот на Ватикан, на кој му било кажано дека Израел е разочаран од критиките на папата.
На 22 декември, папата повторно ја критикуваше ситуацијата, нагласувајќи дека „децата се бомбардирани“ и додаде дека тоа е напад кој го „допира срцето“. Sitel
Израел го повика ватиканскиот амбасадор во Тел Авив, нунциј Адолфо Ијана, во Министерството за надворешни работи откако папата Франциск ги осуди израелските напади во Газа како „суровост, а не војна“. Biznisvesti
На 22 декември, папата повторно ја критикуваше ситуацијата, нагласувајќи дека „децата се бомбардирани“ и додаде дека тоа е напад кој го „допира срцето“.
Од почетокот на нападите на 7 октомври, загинаа над 45.000 Палестинци, од кои 17.492 деца и 11.979 жени. Kanal5
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран летово, пишува „Тајмс оф Израел“.
Станува збор за прво јавно признание од страна на израелските власти дека војската на земјата го убила Ханије кон крајот на јули во иранската престолнина.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Русија не гледа цел од постигнување лабавото примирје кое би довело до „замрзнување“ на војната во Украина.
Русија нема интерес за привремено примирје што ќе ја замрзне војната во Украина, туку инсистира на правно обврзувачки мировен договор што ќе ја гарантира нејзината безбедност и безбедноста на нејзините соседи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Четиринаесет припадници на сириската полиција се убиени за време на судирите со силите лојални на поранешниот претседател Башар ал Асад во провинцијата Тартус, соопшти денеска преодната администрација.
Сириските безбедносни сили спроведуваат операција во западниот дел на земјата против милициите кои го поддржуваат соборениот претседател Башар ал Асад, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на државната новинска агенција.
Уапсен е Ненад Нешиќ, министер за безбедност во Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), потврдија од Обвинителството на БиХ.
Руски фирми се повеќе користат биткоин и други дигитални валути за меѓународни плаќања како одговор на западните санкции, објави Ројтерс.
Руските фирми сè почесто користат биткоин и други дигитални валути за меѓународни плаќања како одговор на западните санкции, објави Reuters.