Данскиот крал шокираше некои историчари со менувањето на кралскиот грб за позначајно да ги прикажува Гренланд и Фарските Острови – што исто така се смета за прекор на Доналд Трамп.
Гренланд, полуавтономната данска територија прекриена со мраз, повторно е на удар на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, по именувањето на својот амбасадор во Данска, Трамп напиша дека, цитирам, „За целите на националната безбедност и слободата низ целиот свет, Соединетите Американски Држави чувствуваат дека сопственоста и контролата над Гренланд се апсолутна неопходност“.