Зимска бура која погоди дел од САД одзеде најмалку пет животи, предизвикувајќи затворање на училишта, откажување летови и прекин на снабдувањето со струја во многу региони.
Најмалку пет лица загинаа во снежното невреме што зафати голем дел од Соединетите американски држави (САД). Седум американски држави прогласија вонредна состојба – Мериленд, Вирџинија, Западна Вирџинија, Канзас, Мисури, Кентаки и Арканзас, Ал Џазира Балканс.