Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИП), врз основа на 61,64 отсто од избирачките места, актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ во вториот круг од изборите ги добил гласовите од 523.665 гласачи, а за Драган Приморац гласале 191.284 избирачи.
На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии, јави Хина.
Досегашниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ (СДП) освои 77,86 проценти, а Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии 22,14 отсто од гласовите на денешниот втор круг од претседателските избори во Хрватска, покажуваат излезните анкети.
Руски ботови покренаа „кампања за дезинформации во корист на Кремљ“ на социјални мрежи за да го поддржат хрватскиот претседателски кандидат против НАТО, објави „Политико“, повикувајќи се на група истражувачи од Центарот за информациска отпорност (ЦИР – Centre for Information Resilience). Непрофитната организација со седиште во Лондон, која разоткрива операции за дезинформации, објави извештај во кој се тврди дека „проруски, анти-ЕУ и анти-НАТО мрежи на ботови“ работеле на зајакнување на актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ пред првиот круг од претседателските избори во Хрватска на 29 декември.