Претседателот на САД, Џозеф Бајден, во последниот говор посветен на надворешната политика во неговиот мандат рече дека „противниците на САД се послаби отколку што беа пред четири години“ и дека рускиот претседател Владимир Путин „не успеа да ја потчини Украина и да го ослабне НАТО“.
Американските и арапските посредници постигнаа значителен напредок во посредувањето за прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинската група Хамас и ослободувањето на десетици заложници кои се уште се држат во Појасот Газа, но конечниот договор сè уште не е постигнат, изјавија денеска официјални лица.
По разговорите во Доха на кои присуствуваа шефовите на израелските разузнавачки служби, пратеникот на Трамп за Блискиот Исток, претставник на администрацијата на Бајден и премиерот на Катар, беше изготвен документ и понуден на потпис на Израел и Хамас, објави белградска Политика.