Во време кога Русија, Кина, Северна Кореја и Иран ја зајакнуваат меѓусебната одбранбена соработка на нивоа без преседан, би било чин на самоповредување ако ставаме нови бариери меѓу сојузниците во НАТО“, Според него, неопходно е избегнување на дуплирање на постоечките структури и неоправдано губење на време и ресурси, па затоа НАТО и ЕУ мораат да работат заедно и да се надополнуваат во зајакнување на безбедноста и справувањето со кибер нападите, саботажите, шпионажата, дезинформациите, инструментализацијата на миграцијата и останатите непријателски активности.