Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера повторно да контактира со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. – Сакам, да – рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“, на прашањето дали ќе се сретне со севернокорејскиот лидер, со кој се сретна трипати за време на неговиот прв претседателски мандат.
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе воспостави контакт со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, што ја отвора можноста за обновување на нивната дипломатија пет години по првите разговори кои привлекоа глобално внимание, но малку придонесоа за намалување на нуклеарната закана од Пјонгјанг, пишува Њујорк Тајмс.