Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја замрзне помошта за странски земји освен Израел и Египет на 90 дена дојде како студен туш за македонскиот невладин сектор.
Амбасадата на САД од утрово ги информира сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано проекти во Македонија – да запрат со реализацијата и ништо да не исплаќаат, во согласност со извршната наредба на новиот претседател Доналд Трамп кој ја замрзна странската помош за сите земји, oсвен за Израел и Египет на 90 дена.