Говорејќи за првиот самит на ЕУ по инаугурацијата на Трамп, кој се одржа во Брисел, Орбан рече дека тоа е „чудна средба“ и дека повеќето во Брисел мислат дека можат „да го избегнат Трамп“, но тоа, како што истакна, „не можно.” Орбан истакна дека Трамп „го сврте светот наопаку“ преку мерките што ги презеде во првите денови од неговиот мандат, нагласувајќи дека во САД веќе нема „панично разгледување на родовите прашања“, финансирање на организации поддржани од Џорџ Сорос, ниту поддршка за илегалната миграција или војната меѓу Русија и Украина.