Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон се сретнаа во Белата куќа.
Претседателите на САД и Франција Доналд Трамп и Емануел Макрон се на билатерална средба во Белата куќа, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.
Францускиот претседател Емануел Макрон, говорејќи во Белата куќа во Вашингтон за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека некои европски земји ќе бидат подготвени да имаат мировни сили во Украина како гаранција за безбедноста по потпишувањето на мировниот договор, иако тие нема да бидат испратени на првите борбени линии.