На Мерц, чиј конзервативен сојуз победи на националните избори со 29 отсто од гласовите, според раните проекции, особено му се допаѓа една регановска шега што го резимира скептицизмот (во американски стил) на германскиот лидер за државна интервенција: „Деветте најстрашни зборови во англискиот јазик се: ’јас сум од владата и тука сум за да помогнам‘ (I’m from the government, and I’m here to help)“. Но, исто како што Мерц е на чекор до преземање на власта во Германија, неговата мила Америка се претвори од незаменлив, во не толку искрен пријател, со кого постојат одредени несогласувања.