Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека потпишал декларација за забрзување на доставувањето воена помош од околу четири милијарди долари за Израел.
Радикалното палестинско движење Хамас ја нарече „воено злосторство“ и „евтина уцена“ денешната одлука на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го прекине доставувањето хуманитарна помош за Појасот Газа, пренесоа светските агенции.
Израел го прифати предлогот на пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан и Пасха, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху само неколку часа по истекот на првата фаза од претходно договорениот прекин на борбените дејствија.
Израелската војска преку истрага утврдила дека Хамас можел да го изврши најсмртоносниот напад во израелската историја на 7 октомври 2023 година, бидејќи многу помоќната израелска војска погрешно ги проценила намерите на милитантната група.