По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија го реализираше првиот лет синоќа во 21 часот на Меѓународниот аеродром Скопје.
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, вечерва, 2-ри март 2025 година во 21 часот го пречека првиот лет на холанската авиокомпанија Трансавиа, на Меѓународниот Аеродром Скопје, со што се означи воведувањето на новата авиолинија Амстердам-Скопје-Амстердам.