Унапредување на билатералните односи, трговската соработка, како и перспективите и предизвиците во процесот на нашата европска интеграција беа во фокусот на разговорите на средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Унгарија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто со која беше означен почетокот на владиниот самит на двете држави во Будимпешта, јави известувачот на МИА.
Секој што мисли дека може да се најде решение за војна и конфликт со гео-стратешки импликации без учество на Соединетите Американски Држави има несериозен и неискрен пристап кон конфликтот, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување на ЕУ, но исто така нагласи и дека двете земји се за мир во Украина што го покажале со поддршката на Резолуцијата на САД во ОН. – Ние и Република Северна Македонија сме на страната на мирот.